X
 03.03.2022 Живот

Пасошот му го спасил животот на 16-годишно момче во Украина

Украинскиот пасош му го спасил животот на 16-годишно момче кое било погодено од шрапнел. Документот го блокирал парчето метал. Ова било известено од украинското Министерство за надворешни работи на социјалните мрежи. Министерството објавило фотографија од пасошот.

- Парче шрапнел заглавен во украински пасош. Му го спаси животот на 16-годишно момче. Момчето сега е на операција. Бомбардирањето на градот продолжува - напишале од Министерството.

Настанот се случил во градот Мариупол на 1 март.



Од почетокот на рускиот напад на Украина во земјата биле убиени стотици цивили, меѓу кои има и деца, пренесуваат светските медиуми. Според податоците од украинската Влада, досега загинале 352 цивили, а 1.684 се повредени.

Извор: Dnevnik
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот