X
 01.03.2022 Живот

Илон Маск: „Спејс екс“ може да го спречи паѓањето на Меѓународната вселенска станица на Земјата

Милијардерот Илон Маск, сопственик на „Тесла“ и „Спејс екс“, изјави дека неговата компанија ќе ја спаси Меѓународната вселенска станица по заканата од шефот на руската вселенска агенција, Димитриј Рогозин, дека руската експертиза и технологија ќе бидат неопходни за да се задржи Меѓународната вселенска станица во орбитата и да се спречи нејзиното паѓање во САД или во Европа.

На твитот на Дмитриј Рогозин, одговорот на Илон Макс беше логото на „Спејс екс“.

Многуте санкции наметнати на Русија по нејзината инвазија на Украина минатата недела ќе ја деградираат руската воздушна индустрија, вклучително и нејзината вселенска програма. Веста поттикна серија твитови од Рогозин, шефот на руската државна вселенска корпорација „Роскосмос“, кој тврди дека без нивно учество, нема да има кој да ја поправи орбитата на Меѓународната вселенска станица, што би предизвикало да се урне некаде во САД, Европа и Индија или Кина.

- Постои и опција за фрлање структура од 500 тони во Индија и Кина. Дали сакате да им се заканите со таква перспектива? Меѓународната вселенска станица не лета над Русија, така што сите ризици се ваши. Дали сте подготвени за нив? - рече Рогозин во друг твит.

Додека НАСА се потпира на Русија за да ја задржи вселенската станица во орбитата и да го спречи нејзиното влегување во атмосферата на Земјата, Вејн Хејл, поранешен програмски менаџер на вселенскиот шатл на НАСА и член на Советодавниот совет на НАСА, изјави дека ова ќе потрае неколку години, давајќи ѝ на НАСА доста време за да најде решение.

Едно решение дојде до Илон Маск. Тој го твитна логото на „Спејс екс“ како одговор на твитот на Рогозин, а кога друг твитер-корисник праша дали е сериозен, извршниот директор напиша едноставно да.

Пит Хардинг, уредник на веб-страницата „NASASpaceFlight.com“, објави долг твит во кој објаснува како леталото „Драгон“ на „Спејс екс“ може да се приклучи за да обезбеди контрола на Меѓународната вселенска станица.

Добрата вест е што и НАСА и „Роскосмос“ потврдија дека сè уште соработуваат на Меѓународната вселенска станица, така што интервенцијата на Маск можеби нема да биде потребна. Ако е така, да се надеваме дека работите ќе одат подобро отколку кога тој се обиде да го спаси тајландскиот фудбалски тим кој беше заробен во пештерите.

Извор: Techspot.com
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот