X
 23.12.2017 Живот

Каде се наоѓаат моштите на свети Никола - инспирацијата за Дедо Мраз?

Коските на Дедо Мраз се во Бари, Италија. Исто така се и во Венеција. И во Франција, Германија и Анадејл, Вирџинија. Дел се во Квебек и во Мортон Гроув, Илиноис. Се разбира дека модерната визија за радосен, крупен човек во црвена облека е само бајка, но многумина веруваат дека инспирацијата за Дедо Мраз доаѓа од епископот од 4 век – свети Никола, па се верува дека неговите мошти се распространети низ светот.

Во христијанскиот свет моштите се чуваат и се сметаат за свети. Поделени се во три класи. Третокласни мошти се оние што биле допрени од други мошти. Второкласни се оние што некогаш биле поседувани, вреднувани или носени од светец. А првокласни мошти се оние што се од коски и месо, односно посмртни останки од човек.

И по повеќе од 2000 години од раѓањето на Исус, првокласните мошти се фундаментален дел од христијанството. Често се случува моштите на некој светец да бидат транспортирани.

Се верува дека свети Никола бил роден околу 280 година н.е. во Мира, блиску до античкиот град Патара на југозападниот брег на денешна Турција. Во тој период регионот бил под византиска контрола, а семејството на Никола било грчко. Додека бил млад, неговите родители починале од епидемија на маларија и му оставиле големо наследство. Сепак, Никола не го потрошил богатството на себе, туку им го давал на сиромашните.

Една приказна целосно ја покажува неговата љубезност и емпатија. Додека патувал, Никола сретнал три сестри чиј татко не бил во можност да го плати миразот (во тоа време се давале подароци или одредена сума на пари за да се исполни правото за мажење), па решил да ги продаде сите три како проститутки. За да ги спаси, Никола фрлил златни парички низ прозорецот на нивната куќа. Кога се дознало дека таткото ги има парите потребни за миразот, побарал од семејството никому да не кажува дека тој им помогнал.

Гробот на свети Никола со години е место за поклонување за верниците, па некои веруваат и дека лекува. Во 1087 година италијански морнари ги фрлиле неговите коски на брод кој одел во Бари. Едно од објаснувањата е дека тие се обидувале да ги спасат моштите од веројатната деструкција на неговиот гроб поради инвазијата на Турците селџуци. Друго објаснување е дека едноставно виделе заработка, знаејќи дека моштите ќе бидат туристичка атракција за наредните генерации. Потоа, по 12 години, крстоносците зеле делови и ги однеле во Венеција. Во Демре, Турција, се сметало дека при одредени археолошки ископувања е откриен гробот на свети Никола, при пронаоѓање остатоци од храм кој изгледал како оние во времето кога живеел свети Никола. Сепак, и тоа мислење не е потврдено.


Биле извршувани и анализи на делови од коските што се наоѓаат во САД, па се утврдило дека тие потекнуваат од 4 век, и тоа од 346 година, кога се верува дека свети Никола починал. Со сегашната технологија и напредна медицина може да се анализира ДНК на сите примероци од коските што се распределени низ светот и да се утврди дали му припаѓаат на истото лице. Сепак, претпоставката дали се навистина коските на свети Никола никогаш не може да се утврди.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот