X
 07.07.2017 Живот

Мапа на светот според бројот на зборувани јазици

Официјалниот статус за јазиците може да биде многу важен, особено во државите каде што се зборуваат повеќе јазици. Корисник на мрежата „Reddit“ изработил мапа на светот со бројот на официјални јазици.

САД и Мексико немаат официјален јазик на федерално ниво.

фото извор: Datawrapper/InfoPlease/Indy100

Три јазици се зборуваат во:

-    Белгија (фламански, француски, германски)
-    Боливија (шпански, куечуа, ајмара)
-    Босна и Херцеговина (босански, хрватски, српски)
-    Руанда (кинјарванда, француски, англиски)
-    Сејшели (сеселва креоле, англиски, француски)
-    Швајцарија (германски, француски, италијански)
-    Вануату (бислама, англиски, француски)
-    Папуа Нова Гвинеја (ток писин, хири моту, англиски)

Четири јазици се зборуваат во:

-    Австрија (германски, словенски, хрватски, унгарски)
-    Бахреин (арапски, англиски, фарси, урду)
-    Шпанија (шпански кастилјански, каталонски, галицијански, баскиски)
-    Сингапур (мандарински, англиски, малајски, тамил)

Пет јазици се зборуваат во:

-    Палау (палауански, англиски, сонсоралесе, тоби, ангаур)

11 јазици се зборуваат во:

-    Јужна Африка (африкански, англиски, ндебеле, северно сото, сото, свази, тсонга, тсвана, венда, ксоса, зулу)

16 јазици се зборуваат во:

-    Индија (хинду, англиски, бенгали, гујарати, кашмири, малахалам, марати, орија, пунџаби, тамил, телугу, урду, канада, асамесе, санскрит, синдхи).
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот