Грегоријанскиот календар е полн со интересни математички апсурдности. Ви нудиме еден од нив: нитуеден век нема да започне во недела. Ниту пак во среда, ниту пак во петок.
Причината е (релативно) јасна. Целосните циклуси на Грегоријанскиот календар се на секои 400 години; додадете 400 години на било кој датум, и тој ден од неделата ќе биде истиот. Тоа значи дека постојат само четири различни денови со кои може да започне еден век и тоа: понеделник, сабота, четврток или вторник (по тој редослед, секој нареден век).