Поради сложените ефекти од покачувањето на нивото на морето, забележано е и првото исчезнување на еден вид. Станува збор за растение кое, според научниците, било навистина уникатно. Растението „ѕвонче“ исчезнало од американската дивина, а истата опасност им се заканува и на другите видови.
- Комбинираните ефекти од зголемувањето на нивото на морето, приливот и одливот и силните бури ја доведоа до исчезнување популацијата на диви кактуси „ки ларго“ на една позната локација каде што биле пронајдени - се вели во труд објавен во „Ботанички журнал“ при Институтот за истражување во Тексас.
- Ова е само еден пример за тоа што се случува со десетици видови, а луѓето треба да сфатат дека ако не направиме нешто, оваа загуба само ќе се забрза - истакнал Џорџ Ган, коавтор на студијата.
Кактусот „ки ларго“ сè уште постои во делови на Карибите, вклучувајќи ги Куба, Порторико и Бахамите, но шансите повторно да стане природно богатство во Флорида Кис се речиси нула, според Ган.
Околу 150 единици постоеле во 2011 година, на врвот на мал варовник во државниот парк „Џон Пенекамп Корал Риф“. Но, до 2015 година истражувачите забележале дека кактусот умира со алармантна брзина, како резултат на еднократен напад на животно и неговата локација во ниската област Флорида Кис, од кои повеќето биле на само 5 метри надморска височина.
Живеалиштето на растението било преплавено со солена вода од бурите влошени со зголемувањето на нивото на морето. Како што загадувањето со фосилни горива ја загрева планетата, исто така ги загрева и ги шири океаните и ги топи ледените плочи и глечерите, зголемувајќи го нивото на водата. Нивото на морето околу Флорида Кис се зголемува во просек за 0,16 инчи годишно, или нешто повеќе од 8 инчи од 1971 година, според истражувачите.
- Премногу сол е стресна средина за повеќето растенија - изјавил Џејмс Ланге, коавтор на студијата.
Растенијата можат да толерираат солена морска вода неколку дена, но кога временската рамка се протега на недели, тие повеќе не добиваат свежа вода, па не можат да го нахранат своето тело.
Извор: n1info.hr
Фото: Freepik