X
 29.10.2019 Живот

Колку сме постари, толку потешко наоѓаме причина за среќа

Истражување спроведено на 2.000 Британци покажа дека колку сме постари, толку потешко наоѓаме причина за среќа.

Според резултатите, луѓето се најмалку среќни во 45-тата година од животот, а интересно е тоа што само четири од десет испитаници изјавиле дека имаат на што да се радуваат во својот секојдневен живот.

Еднаков број од нив се согласуваат дека забавата завршила приближно во исто време кога влегле во светот на возрасните.

Најтажно е тоа што 10 отсто од испитаниците признале дека во текот на цела недела ниеднаш не прават нешто што ги радува. Или немаат пари за да го прават тоа, или немаат енергија, или едноставно не знаат да се забавуваат.

- Возрасните луѓе лесно тонат во секојдневната животна рутина и забораваат да одвојат време за забава - вели психоаналитичарот Стив Мекјуен.

sreka
Фото: Depositphotos


Како што објаснува тој, многумина не знаат како повторно да почнат да се забавуваат, а одговорот на ова прашање всушност може да е прилично едноставен.

- Поминете повеќе време со најмилите. Освен психолошка благодат, вклучувајќи го и намалувањето на стресот и зголемување на среќата, поминувањето време со семејството е одличен начин да го вратите чувството на детска забава во вашиот живот - предлага тој.

Исто така, дури 83 отсто од испитаниците се согласиле дека многу повеќе се забавуваат во друштво на децата отколку во друштво на возрасните.

- Поради нивната имагинација и способност да не се грижат за тоа што мислат другите луѓе, децата полесно се препуштаат на забавната страна на животот - истакнува Мекјуен.

Затоа, ако сакате брзо да ја вратите среќата во вашиот живот, експертите советуваат да гледате детски филм или да танцувате како никој да не ве гледа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот