X
 03.04.2018 Живот

Шефот на „Епл“ открива во што е смислата на животот

Кога би можеле да се вратите во минатото, со сегашното знаење и искуство, какви совети би можеле да ви помогнат во текот на животот? Ова прашање му било поставено на извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, на снимањето на емисијата за тоа како „Епл“ го промени светот.

„Радоста е во патувањето“, вели Тим Кук. Во претходно интервју Кук рече дека Стив Џобс го научил дека човек не треба да биде насочен кон реализирање далечна цел, туку радоста во животот е токму патувањето - сите нешта што ги доживуваме и во кои уживаме во текот на нашиот живот. Кога бил млад, Кук постојано ја барал смислата на животот и неговата мисија на оваа планета. Не можел да ја пронајде, па бил загрижен мислејќи дека нешто не е во ред со него. Но со текот на времето открил за што станува збор, па така на сите им порачува дека треба да престанат да ја бараат бидејќи на сите ни е заедничка. „Нашата смисла на животот е служење на човештвото“, вели тој.

„Затоа, наместо да се прашуваме која е смислата на животот, треба секој ден да се прашуваме за начините на кои можеме да му служиме на човештвото и кои ќе бидат наш дар кон човештвото“, вели Кук и додава дека тоа може да биде нашата страст или нашиот начин на кој можеме да го промениме светот и да го подобриме за другите луѓе.

Што се однесува до Кук, тој својата смисла ја пронашол во „Епл“. За Кук, оваа компанија има цел да му служи на човештвото и е среќен што денес е дел од таа приказна.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот