НАСА вели дека индиското тестирање на оружје што го уништи сателитот ги стави астронаутите на Меѓународната вселенска станица во голема опасност.
Минатата недела, индискиот премиер Нарендра Моди објави дека земјата успешно уништила сателит во вселената. Со тоа, Индија стана вселенска сила, а технологијата е достапна само во неколку земји во светот.
Но, НАСА предупредува дека отпадот од експлозијата може да ги загрози луѓето што моментално живеат во вселената. Ризикот од суди со Меѓународната вселенска станица беше зголемен за 44 отсто во период од 10 дена, изјави администратотор на американската вселенска агенција, Џим Бриденстајн, откако идентификувале 400 различни парчиња орбитални остатоци од уништувањето на сателитот.
- Тоа е неприфатливо и НАСА треба да биде јасна за влијанието што настанот го имаше врз нас - рече тој.
- Намерното создавање на орбитални остатоци не е компатибилно со човечкиот вселенски лет - додаде тој.
НАСА моментално следи околу 60 парчиња кои се 10 сантиметри или поголеми, а кои би можеле да претставуваат опасност за астронаутите.
- Ние сме единствената агенција во федералната влада чии животи се во опасност. Не е прифатливо за нас да им дозволиме на луѓето да создаваат полиња од орбитални остатоци што ќе го стават во ризик нашиот народ.
Министерството за надворешни работи на Индија инсистира дека ризикот од мисијата „Шакти“ е многу низок.
- Тестот беше направен во пониска атмосфера за да се обезбеди дека нема да има остатоци во вселената. Отпадокот ќе се распадне и ќе падне на Земјата во период од неколку недели.
Индија е четвртата земја што демонстрира анти-сателитско оружје („Asat“) по САД, Русија и Кина.