Во реновираната воена тврдина од Втората светска војна, која се наоѓа речиси во центарот на Ријека во Хрватска, отворен е единствениот ваков центар во земјата и пошироко, кој содржи дигитален планетариум.
Сите посетители се сместуваат во удобни седишта во просторија налик на амфитеатар и речиси од лежечка позиција гледаат филмски проекции кои ги обработуваат темите : сончев систем, далечни галаксии, нови вселенски откритија. Посетителите добиваат чувство дека се наоѓаат во самата вселена.
Освен филмови, посетителите имаат можност да учествуваат во програми кои се водени од астрономи, па да изучуваат за вселенските тела и процеси.
На следните фотографии погледнете како изгледа овој неверојатен центар.