Се одржа и вториот отворен ден на Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола за 2019 година.
Работилниците почнаа истовремено со работа и преку нив заинтересираните матуранти се запознаа со нашите наставни програми, си ги проверија своите знаења и добија совет за своите идни кариери.
Заинтересираните матуранти можеа да изберат во која од работилниците сакаат да влезат, односно во работилниците за психологија, правни науки, информатика, економија или безбедност.
Исто како и првиот отворен ден, и на овој матурантите беа во две групи, односно во првата група од 10 часот беа матурантите од Прилеп од СОУ „Ѓорче Петров“ и СОУ „Ристе Ристески - Ричко“.
Во втората група од 13 часот беа матурантите од Битола од СОЕУ „Јане Сандански“, СОУГ „Јосип Броз Тито“, СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“.