X
 27.06.2018 Образование

Студии на Економскиот факултет - Љубљана од октомври и во Македонија

Сега можете да студирате Бизнис и организација на Економскиот факултет од Универзитетот во Љубљана, но во Македонија.

Искористете ја можноста да студирате по програма од првиот и моментално единствениот факултет во регионот со три од највисоките интернационални акредитации!



Постдипломските студии траат две години, а согласно договорот потпишан помеѓу Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин” и Економскиот факултет од Универзитетот во Љубљана, уписот на кандидатите и реализација на програмата ќе се врши на Славјански Универзитет. Англискиот јазик е официјален јазик на програмата.



Оваа програма ја препорачуваме за:
• менаџери и претприемачи кои веќе се вработени;
• лидери кои имаат мултидисциплинарни одговорности;
• сиректори кои сакаат да развијат сеопфатна, интегрирана перспектива и да ги изострат нивните стратешки вештини;
• амбициозни експерти на кои им се важни менаџерските вештини;
• мотивирани индивидуалци кои можат да го изразат својот лидерски потенцијал;
• дипломирани студенти со или без работно искуство.

ПРОГРАМА:
Јазик: англиски
Начин на упис: вонредно
Почеток на програмата: октомври, 2018

Магистерската програма „Бизнис и организација" е со времетраење од 2 години и содржи 15 предмети:
1. Деловно опкружување
2. Организација и менаџмент
3. Стратегиски менаџмент
4. Менаџмент на управување
5. Финансиски менаџмент
6. Маркетинг за менаџери
7. Менаџмент на човечки ресурси
8. Систем за поддршка на одлуки
9. Преговарање
10. Бизнис истражување
11. Сметководство за менаџери
12. Менаџерска економија
13. Изборен предмет 1
14. Изборен предмет 2
15. Изборен предмет 3

Предавањата на програмата ќе се одржуваат двапати месечно (петок попладне и сабота) во просториите на МСУ „Г. Р. Державин“ во Свети Николе. Деталниот опис на предметите може да се најде овде.
Студентите ќе ги добиваат материјалите од предавањата (книги, електронски и дополнителен материјал) на почетокот на семестарот. Материјалите се на англиски јазик, кој е официјален јазик на програмата.

Предности:
• Идентичен начин на студирање и наставен кадар како и во Словенија;
• Регионална локација на студиите и поволни услови за студирање;
• Високи академски критериуми, спој на теоретски и практичен пристап за учење;
• Највисока деловна акредитација и меѓународно признати дипломи (меѓу 1% најдобри во светот);
• Пристап и неограничена употреба на центарот за електронски ресурси на Економскиот факултет во Љубљана;
• Интердисциплинарна средина за учење (банки, разни компании од земјите во регионот);
• Членство во Алумни клуб со повеќе од 10000 членови.

Контакт:
м-р Милена Спасовска, milena.spasovska@msu.edu.mk, +389 78 827 914

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование