X
 22.04.2020 Живот

Од утре скратување на полицискиот час

Почнувајќи од утре, четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето, објави премиерот Оливер Спасовски.

Секој работен ден, од понеделник до петок, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 5 часот наутро до 19 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 5 часот наутро.

За лицата над 67-годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 5 часот наутро до 12 напладне.

Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13 до 19 часот.

Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите.

Забраната за движење за викенд ќе почнува од 15 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 5 часот наутро.

Во сабота за лицата над 67-годишна возраст ќе биде дозволено движење од 5 часот наутро до 11 часот наутро.

Во сабота младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12 до 15 часот.

Од утре задолжително сите граѓани на територијата на цела држава ќе треба да носат маски, шалови или марами за да ги покријат носот и устата, соопшти Спасовски.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот