На оддалеченост од 7500 светлосни години од Земјата, две од најмасивните ѕвезди во нашата галаксија започнаа меѓусебна мистериозна битка.
Бинарниот ѕвезден систем, наречен Eta Carinaе, е прекриен со облак од гасови и прашина во форма на ѓуле, што експлодирал пред речиси два века.
Астрономите за списанието
Astronomy & Astrophysics известија дека успеале во најдобра резолуција досега да го фотографираат јадрото на системот, со што ги потврдиле претпоставките за тамошните случувања.
Eta Carinae понекогаш ја викаат „супернова измамник“, бидејќи нејзините ерупции се толку жестоки, што испуштаат светлина сјајна како при експлозија на ѕвезди.
Последната голема експлозија, позната како Големата ерупција, се случила околу 1837 година и траела 18 години, по што се појавил облакот Homunculus и го осветлил речиси секој објект во Млечниот Пат.
Астрономите не знаат што го предизвикува ѕвездениот бес, но Eta Carinae продолжува да еруптира силен ветер од гасови и прашина со брзина од околу 10 милиони километри на час.
Според илустрациите на НАСА, се смета дека на таков начин се храни и обликува облакот, но никој со сигурност не може да каже како се случува сето тоа.
Eta Carinae B е помалата од двете ѕвезди, има триесетпати поголема маса од сонцето и милионпати е посветла од него. Eta Carinae, пак, е деведесетпати поголема од сонцето и пет милиони пати посветла.
На секои пет и пол години тие се доближуваат една до друга на растојание колку што е Марс оддалечен од сонцето.
Последен пат се доближале во август 2014 година, а непосредно пред тоа, Големиот телескоп (VLTI) на Европската јужна опсерваторија (ESO) успеа да допре до јадрото на Eta Carinae.
Но, од тоа што го „фати“ во објективот, успеа да ги потврди тековните мислења зошто Eta Carinae е толку жестока и сјајна.
Накратко, екстремно силните ветрови од честици на секоја ѕвезда се судираат и ослободуваат топлина од околу 50 милиони степени, создавајќи два искривени вентилатори од материјал што ја обликува утробата на ѓулестите облаци. Како на следнава анимација на НАСА:
На голема радост на астрономите, во иднина ќе можат да користат податливи слики во висока резолуција, за да ги разберат поттикнувачите на најсјајните
експлозии во галаксијата.