X
 03.04.2020 Образование

Студентите на УКИМ можат анонимно да пријават проблеми со онлајн-наставата

Комисијата за настава на Универзитетското студентско собрание при УКИМ ќе го набљудува процесот на спроведувањето на онлајн-наставата на Универзитетот и целосно ќе се вложи кон нејзино унапредување, известуваат од УСС.

- Надзорот ќе се врши така што целосно ќе се вклучат студентите преку пополнување онлајн-образец во кој ќе ни испратат информации за тоа кои професори, по кои предмети и поради кои причини не ги реализираат предавањата преку видеоконференциски платформи. Комисијата за настава при УСС-УКИМ ќе ги разгледа овие пријави и ќе отпочне соодветна постапка во повеќе чекори, чија крајна цел ќе биде одржувањето на видеоконференциските предавања по сите предмети чија природа го дозволува тоа - велат оттаму.

Образецот за пријавување нереализирана онлајн-настава студентите можат да го пополнат ТУКА

- Спроведувањето на видеоконференциските предавања, таму каде што природата на предметот го дозволува тоа, мора да стане обврска за сите професори и асистенти. Предавањата се есенцијален елемент во студирањето и како таков не смее да биде заменет со комуникација преку е-пошта, преку испраќање материјали за наставата. Технолошкиот развој ни овозможува целосно организирање и спроведување на наставата преку видеоконференциски платформи, а УСС-УКИМ е тука да им помогне на наставните кадри да ги реализираат предавањата користејќи ги овие платформи - велат студентите.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование