X
 12.12.2015 Образование

Започнаа градежните работи на УКИМ, исечени дрвата во паркот

На социјалните мрежи почнаа да се објавуваат фотографии од исечени дрва кај Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.




Сечата на дрвата започнала рано утринава по 2 часот по полноќ  на местото каде што постоеше парк кој броеше 47 дрва.

ГАЛЕРИЈА

Денеска во 15 часот, младинската организација ќе постави камп со цел да издејствува спречување на уништувањето на зелената површина на универзитетскиот кампус, а со тоа и да го попречи реализирањето на проектот за изградба на двата нови објекти кои се најавени дека ќе се подигнат на тој простор.



Младинската организација Мугра го поставува овој камп се со цел да издејствува спречување на уништувањето на зелената површина на универзитетскиот кампус, а со тоа и да го попречи реализирањето на проектот за изградба на двата нови објекти кои се најавени дека ќе се подигнат на тој простор. Според нас планот за сместување на зградите на ФИНКИ и ФФОСЗ е избрзан, недоволно осмислен и ретрограден и е во дирекна спротивставеност на следниве правила и принципи:

1. Брутално прекршување на автономијата на универзитетот. Таа е прекршена во две инстанци:
* Автономијата на одлучување е прекршена така што во ниту еден чекор од носењето на одлуката за изградба на нови објекти во просторот на кампусот не се консултирани студентите на истиот кампус. Студентскиот парламент во овој момент е нерепрезентативно и нелегитимно тело со нелегален и нелегитимен претседател и тој не може да одлучува во име на студентите, а особено не за трајни, нереверзибилни акции со непоправливи последици.
* Автономијата на универзитетскиот простор е прекршена така што на веќе целосно осмислен и одлично концепиран простор се наметнуваат нови градежни зафати кои на ниту еден начин не го почитуваат, а дури и го игнорираат постоечкиот просторен контекст. Територијата на кампусот не смее да се перцепира како обично градежно земјиште, туку таа е негов неизоставен дел кој има сопствен придонес во заокружувањето на кампусот како целина во која припаѓаат и зградите на факултетите и ректоратот. Дополнително во Член 14 во Законот за високо образование се потенцира дека на универзитетот му се гарантира неповредливост на универзитетскиот простор и на просторот на самостојните високообразовни установи.

2. Прекршување на правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање.
* Според бр. 51/05 на Службен весник на Република Македонија, член 23, став 2, алинеја 2 при оформување на градежни парцели за објекти за високо образование се утврдува следната минимална површина на градежната парцела: 30m2 по студент/ка. Според Архитектонско –урбанистичкиот проект за Универзитетски комплекс на градежна парцела 1.1. согласно ДУП за дел од локалитет Крњево 1, Урбан Блок 1, Општина Центар, површината на градежната парцела изнесува 91,779 m2 за сите факултети заедно. Дури и без вклучување на нови факултети и изградба на нови објекти во комплексот не се запазени законските регулативи. Во сегашните услови бројот на студенти е веќе преголем за површината со располага кампусот.

3. Прекршување на правилник за стандарди и нормативи за проектирање на објекти. Во проектната задача за изработка на идејно решение за Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, за објектот предвидена е површина од 9.625 m2 за 3200 студенти (3 m2 по студент, кога минимум површината според Член 9 од Правилникот („Службен весник на РМ“ бр. 15/90, 11/91, 11/94, 18/99 и 25/99) изнесува 7-10 m2!

4. Прекршување на авторските права на архитектот Марко Мушиќ, кој е сеуште жив и чијшто проект за универзитетски кампус бил првонаграден на архитектонски конкурс распишан во 1967 година. Со доградување на нови објекти во рамките на веќе комплетираниот универзитетски кампус се прекршуваат авторските права на најелементарно ниво.

5. Нарушување на животната средина. Во овој план се предвидува уништување на 47 дрва и притоа најдиректно се загрозува еколошката средина на кампусот, со што индиректно се загрозува и здравјето на студентите.

Воедно младинската организација Мугра ги повикува и граѓаните на град Скопје да се солидаризираат со нашите барања, бидејќи ова не е само закана по здравјето на студентите, туку е и закана за здравјето на граѓаните од целата општина. Сметаме дека не е потребно да потсетуваме кој е степенот на загаденост во овој град, и какви се импликациите од истата.
Заедно сме посилни!
Ќе победиме!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование