X
 03.04.2023 Наука

Истражувачи покажаа дека растенијата испуштаат звуци кога се дехидрирани

Замислете вашите домашни растенија да можат да ви кажат кога се жедни. Според последни наоди на истражувачите, големи се шансите дека тие го прават токму тоа, само вие не може да ги слушнете.

Научници во Израел откриле дека растенијата на доматите и тутунот испуштаат звуци кога се дехидрирани или кога им се исечени стеблата. Фреквенцијата на овие звуци е превисока за нашите уши, но тие веројатно може да бидат слушнати од инсектите или други цицачи. Аудио од звукот на намалена фреквенција може да се слушне овде.

- Дури и во тивко поле постојат звуци кои не ги слушаме, а тие звуци носат информации - изјавил авторот на истражувањето, Лајлак Хадани.


Фото: Pixabay

Тимот посочува дека претходно биле забележани ултразвучни вибрации од растенија, но ова е прв доказ дека тие се пренесуваат преку воздухот. Според Хадани, растенијата цело време комуницираат со инсектите и другите животни.

Истражувачите заклучиле дека растенијата кои се под стрес, односно се дехидрирани или се соочуваат со друг проблем, испуштаат повеќе звуци отколку оние што не се под стрес.

Не е јасно дали растенијата ги испуштаат звуците во обид за комуникација, но тие би можеле да имаат еколошки и еволуциски импликации, односно некои организми можеби еволуирале за да ги слушнат тие звуци.

Извор: Green
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука