Лоши вести за сите. „Password123“ најверојатно нема да функционира веќе. Иако вашите иницијали искомбинирани со вашиот роденден можеби ви изгледаат како добра комбинација за лозинка, дигиталната безбедност секогаш ќе биде ограничена од јачината на лозинките кои ние или нашите компјутери ги составуваме.
Но, за нештата за кои ни е потребна поголема сигурност, можеби ќе ни треба сосема различен вид на кодирање, кое ќе се потпира на периодниот систем на елементи, наместо на нули и единици. Истражувачите работат на хемиска криптографија, синтетизирајќи специфични молекули кои служат како многу безбедни лозинки на основа на нивните атомски структури.
Важните разузнавачки тајни може да бидат заштитени со мали примероци молекули апсорбирани на марамче, наместо да бидат заштитени во актовка отпорна на куршуми. Ова би било многу досаден шпионски филм, но барем најважните нешта би биле безбедни.
За да ја декодира пораката или податоците кои се заштитени, лицето би требало да знае каде да го најде клучот, кој би можел да биде сокриен, на пример, во капка вода апсорбирана во марамче. Самиот клуч е во структурата на молекулата. Кога истражувачите од германскиот Технолошки институт Кралсруе (КИТ) ја синтетизираат хемикалијата, тие вклучуваат и информација, која, кога ќе се скенира, посочува дека молекулата се користи како дигитален клуч. Истражувачите имаат библиотека од 500.000 молекуларни клучеви, кои структурно се толку различни што лозинките би биле прекомплицирани за да се погодат без примерокот.
За да се декодира пораката, молекулата треба да биде скенирана со истиот вид опрема која микробиолозите ја користат за да анализираат нови
соедниненија.
Сето ова веројатно нема да биде толку корисно за обичните луѓе, но ќе биде многу корисна алатка за луѓето кои работат во службите за национална безбедност.
Фото: Freepik