X
 03.05.2016 Образование

Лекции според кои треба да живее секој студент

Често во животот жалиме за минатото време, а уште почесто велиме: „ех во младоста да го имав умот што го имам сега, сѐ различно би направил/“. Кога си млад не се замараш со ситниците, туку одиш по свое, а кога ќе дојдеш до позрели години, сфаќаш дека некои работи би можел/а да ги направиш подобро. И тоа е тоа. Нема назад. Можеш евентуално себеси да си напишеш писмо.

Toкму тоа го направил Американецот Ли Вилијамс. Имено, си напишал себеси писмо неколку години после дипломирањето. Во писмото навел неколку совети од малку позрела перспектива.

Драг помлад јас

Форсирај го она што те интересира - прво и основно правило. Немој дa се одлучиш за професија само поради парите, а која нема воопшто да те интересира. Работи го она што го сакаш, бидејќи нема ништо полошо од тоа да си „заглавен“ во работа која не ја сакаш и која ти го одзема времето кое можеш да го посветиш на нешто што го сакаш. Запомни, животот е краток.

Активно вклучи се во заедница - Вклучувањето во вредни проекти кои се од општествена корист те прави корисен и за другите луѓе.

Биди трпелив - Не брзај никаде и со ништо. Ни во врските, ни во финансиите, ни во одлуките. Што и да се случи, не брзај. Биди трпелив, бидејќи нервозата и брзањето можат само да ти наштетат и тебе и на другите околу тебе.

Повеќе слушај, помалку зборувај - Да не се лажиме, доста зборуваш и време е да замолчиш. Вистинска уметност е човек да знае внимателно да слуша, а оваа вештина ја поседуваат само мал број на луѓе. Вежбај да бидеш активен слушател. Неверојатно е колку можеш да научиш.

Паметно управувај со парите - Ако не можеш да купиш нешто во готово, не посегнувај по картички. Штеди пари, ќе ти требаат при завршувањето на факултетот додека ќе бидеш во процес на барање на работа.

Слушај ги родителите - Иако сега ова ти звучи смешно, советите кои ти ги даваат може да ти заштедат многу време, нерви и пари.

Не се споредувај со никого - Заборави на тоа. Ти си единствен и твоето искуство е различно од останатите.

Пронајди го она што те исполни, а не е професија -
Пронајди хоби и работи на него колку што ти дозволува времето. Ќе има терапевтски ефект врз тебе.

Стоj зад твојот став - Секогаш и секаде, кога станува збор за тебе и твојот став, никогаш немој да го премолчиш она што за тебе е важно.

Никогаш не е доцна да вложиш во себе - Ова веројатно ќе ти одземе време, но на овој начин ќе имаш одлична идна кариера.

Било каква тешка работа добро ќе влијае на тебе
- Ќе станеш дисциплиниран, ментално ќе бидеш посилен и ќе сфатиш што не сакаш во животот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование