Студент во втора година на дипломските студии по англиски јазик и историја на Филозофскиот факултет во Осијек е прв студент продекан во Хрватска, објавува „Глас Славоније“.
- Ние сме првиот факултет, а универзитетот Јосипа Јурја Стросмајера е првиот универзитет во Хрватска кој има свој студент за продекан. Важно ни е студентите да ги вклучиме во процесот на одлучување, бидејќи тие се наши партнери и колеги, кои требаат да го преземат делот од одговорноста за тој процес - вели Дубравка Божиќ-Боговиќ, продеканка за студиски програми и студенти на факултетот.
Бранимир Крижанец, новиот продекан е обврзан да ги информира студентите за сите одлуки донесени на седниците на Управата на факултетите на кои ќе биде присутен и тој. Крижанец е претседател на Студентскиот парламент на факултетот, што е слична, но не и иста функција.
Осијек му одговара како студентски град, задоволен е со знаењето кое го добива, а по завршувањето би сакал да работи во училиште.
- Да се биде студент продекан е интересно искуство и голема ми е честа што токму јас сум одбран за таа функција. На мојот факултет има повеќе од 1.500 студенти, што не е малку и дури 55 различни комбинации на студиски програми. Тоа значи дека ќе имам многу работа. Се надевам дека тоа ќе биде поттик за другите факултети и тие да одберат студенти продекани - вели Крижанец.
Негова задача ќе биде и координацијата на работата на студентските организации на факултетот, поттикнување соработки итн.