Кучињата не можат да зборуваат,но тоа не значи дека тие не се обидуваат да комуницираат со своите сопственици. Ново научно истражување откри дека кучињата се „обраќаат“ кон луѓето со јасна листа на движења.
Што е референцијално сигнализирање?
Референцијално сигнализирање е нешто што научниците го дефинираат како користење на намерни гестови или движења со цел да се искаже некоја желба или потреба.
Овој феномен е поразличен од нормалното движење, бидејќи не служи некоја практична потреба – туку е чисто симболичен и се повторува сѐ додека потребата не е исполнета.
На пример, кучето може да го допира вашето колено со неговиот нос, се додека не добие храна, но откако ќе ја добие храната, дој престанува да го прави гестот. Кучињата сепак, ви се обраќаат само кога им треба нешто.
Превртување, скокање, седење со крената шепа
Тим истражувачи од Универзитетот во Салфорд од Обединетото Кралство, прегледале стотици видеа од 37 кучиња и нивните интеракции со сопствениците.
Понекогаш, кучињата користат само еден гест, но понекогаш може да комбинираат и повеќе гестови за да го пренесат своето барање. Најчестите барања што кучињата ги имале се за вода и храна, за играчки, за галење и за отворање на врата.
Домашните кучиња се првите животни кај кои е забележано референцијалното сигнализирање за обраќање на друг вид.
Не постои универзален кучешки јазик, но секое куче обично ги користи слични гестови или серија движења за да комуницира одредена потреба.
За вашето куче, скокањето горе – долу може да значи „Ајде да си играме“, но може и да значи „Те молам нахрани ме“ – но веројатно е дека има конкретно значење.
Доколку малку се потрудите и со доволно време, можете да го научите точното значење на тие гестови за тоа куче.