X
 05.07.2016 Технологија

Трикови за вашиот ајфон или ајпед да изгледа подобро

Повеќето ајфон и ајпед корисници знаат дека нивните апарати ќе се наполнат за околу 25% побрзо ако ги ставите во режим на летање. Но многу не знаат едноставни начини да сликаат: Од заклучениот екран, влечете ја иконата со камерата во долниот десен ќош, и камерата ќе биде подготвена да сликате. Тоа е трикот со апаратите. Треба да барате наоколу за да дознаете вистински како да ги користите и да ги персонализирате по вашиот вкус. Ние ви нудиме 7 паметни поставувања што ќе направат користењето на ајфон или ајпед поинтересно.


1. Направете го текстот поголем и поздебелен

Иако ајфонот и ајпедот имаат поголеми екрани, не секогаш е лесно да се читаат ситните букви на страните или менијата. За среќа има како да си олесните. Доколку сакате да го направите текстот поголем и поздебелен, идете на Settings >> General >> Accessibility. За да го здебелите текстот стиснете на Bold Text опцијата. Да го направите текстот поголем, стиснете Larger Text >> Larger Accessibility Sizes и подесете ја големината на фонтот.

2. Зумирајте за поголем текст

Постои уште еден трик за зголемување на текстот. Одете на Settings >> General >> Accessibility и вклучете го Zoom. Користете 3 прста за да притиснете два пати на екранот за да зумирате, и за да го исклучите зумирањето на апликации. Доколку сакате да зумирате додека гледате видеа, само влечете со двата прста.

3. Алтернативи за тастатура

Доколку преферирате да користите стандардна тастатура отколку да типкате директно на вашиот екран, „Епл“ ви дозволува да користите тастатури направени од други компании или од некој трет доставувач, се додека го користите iOS 9.3.2. Одете на: Settings >> General >> Keyboard >> Keyboards >> Add a New Keyboard.

4. Додадете форма на копчињата

Уште една корисна поставка е формата на копчињата. За да ги активирате, одете на Settings >> General >> Accessibility и потоа вклучете Button Shapes. Оваа поставка ќе додаде надворешни линии и разни форми на апликациите со што ќе имате подобра идеја каде да стиснете.

5. Вклучете превод

Имањето превод е многу корисно доколку не слушате добро или доколку сакате да уживате во филм касно навечер додека сите други спијат. Ова е пристапливо на повеќето апарати кои користат iOS 9.3.2. Многу е лесно да се активира. Одете на: Settings >> General >> Accessibility и вклучете Subtitles & Captioning. Исто така може да подесите фонт, големина и боја на преводот.

6. Нека апаратот чита наместо вас

Всушност постои апликација која ги чита зборовите од вашиот апарат наместо вас. Таа ги чита сите букви како што го типкате текстот или и-мејлот. Ќе ви каже која апликација ја отворате, кој ви ѕвони, колку ви има останато батерија и слично. За да ја вклучите идете на: Settings >> General >> Accessibility и потоа вклучете Voiceover. Откако го вклучите, стиснете го Home копчето три пати.

7. Дали ги пропуштате повиците и текстовите?

Има начини со кои ќе го привлечат Вашето внимание, посебно ако имате проблем слушајќи го. Користете го ЛЕД светлото на Ајфон за да ве предупреди. За да го активирате, стиснете Settings >> General >> Accessibility, а потоа стиснете LED Flash for Alerts.

Постои уште еден начин да поставите предупредување. Можете да поставите вибрации за дојдовни повици и пораки. Идете на Settings >> Sounds >> Ringtone >> Vibration. Или од листата на контакти, стиснете Edit и потоа селектирајте ја Vibration опцијата за секој од Вашите контакти. На овој начин, дури и ако Вашиот телефон е на тишина за повици, ќе знаете кој ви ѕвони во зависност од начинот на вибрирање.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија