Машките и женските работници се послични во однос на личноста и емоционалната интелигенција, особено на повисоко лидерско ниво - но факторите што доведуваат до нивниот успех се под влијание на стереотипните родови верувања.
Ова е еден заклучок од опширното истражување на британските работници од страна на студентката Александра Јегоу-Данон и Лук Трегловн од Универзитетскиот колеџ во Лондон.
Повеќе од 80.000 британски работници, што претставуваа 22 различни канцеларски индустрии, извршиле процени како дел од процедурите за човечки ресурси, вклучувајќи повеќе од 11.000 високи извршни директори.
Процените ги оценија нивните лидерски вештини, самосвест, контрола на расположението, решавање проблеми и независно размислување, покрај другите атрибути. Овие особини беа анализирани со информациите поврзани со полот на секое лице, нивото на образование и возраста.
Имало мала разлика меѓу половите во повеќето категории - особено на повисоките нивоа на лидерство. Сепак, процесот на процена што доведе до нивниот успех беше под влијание на традиционалните верувања, како што се очекувањата жените повеќе да се грижат, да се повеќе сочувствителни и емотивни, а мажите да се погорди и поагресивни.
Исто така, жените немале корист од возраста и образованието како што имале мажите за да стигнат до работната позиција извршен директор.
- Спротивно на верувањата, ова истражување покажа дека вработените мажи и жени се повеќе слични отколку различни, при што сличностите се поизразени на повисоко раководство. Сепак, истражувањето истакнува дека лидерите и понатаму се оценуваат различно, врз основа на традиционалните верувања во родовите улоги и стереотипи и покрај недостигот на емпириски докази. Нашето истражување ја нагласува потребата за понатамошно истражување на евалуацијата на кандидатите во борбата против родовите
предрасуди. Со тоа ќе им се овозможи на двата пола да го реализираат својот целосен потенцијал на нивните работни места - рече Александра.