Кога станува збор за рамноправноста, ниедна држава на планетата сѐ уште нема сѐ што е потребно за да може да се каже дека веќе нема потреба за борба и дека жените може да бидат безгрижни и еднакви во секоја смисла.
Пред две години беа објавени резултати од истражување за тоа каде, на светско ниво, им е најдобро на жените, а каде им е најлошо.
Институтот за жени, мир и сигурност при американскиот Универзитет во Џорџтаун, во соработка со Институтот за истражување на мирот во Осло, ги зел предвид глобалните разлики помеѓу земјите кога го мерел учеството на жените во општеството, чувството на безбедност и изложеност на дискриминација, кои се клучни индикатори на положбата на жените во некоја средина.
Заедно со уште три поткатегории, овие показатели треба да ни покажат колку жените зајакнале или не зајакнале во некое општество.
Кога станува збор за инклузија на жените, биле земени предвид претставничките во владите на земјите, употребата на мобилните телефони, вработувањето, пристапот до финансии и образование, додека за чувството на безбедност биле анализирани безбедноста на комуникациите, организираното насилство и насилството од страна на партнерот, додека во третата група биле сместени сексизмот, дискриминаторните норми и антидискриминаторските закони.
Резултатите од истражувањето посочиле на големи разлики во положбата на жените помеѓу земјите, но и на фактот дека не постои ниедна држава на светот со совршен резултат, ниту пак со целосно негативен.
Која држава е најдоброто место за живот за жените?
Според извештајот, на првото место се нашла Норвешка, како земја во која е најдобро да се биде жена, додека второто место го зазела Швајцарија, а третото Финска.
Потоа следуваат Данска, Исланд, Австрија, Велика Британија, Луксембург, Шведска, Холандија и Канада. Сосема неочекувано, САД, кои обично се сметаат за најистакнат борец за рамноправност по многу прашања, го зазеле 19. место.
Која држава е најлошото место за живот за жените?
Најтешко им е на жените во Јемен, држава која се нашла на последното 167. место, а веднаш над неа е Авганистан, но треба да се земе предвид дека истражувањето е направено многу пред да биде воспоставен талибанскиот режим, кој е познат по бруталноста врз жените.
Следуваат Сирија, Пакистан, Јужен Судан, Ирак, Демократска Република Конго, Централноафриканската Република, Мали, Судан, Либија...
На кои места се земјите од регионот?
Од земјите во регионот Србија била најдобро рангирана кога станува збор за права на жените и го зазела 24. место. Потоа следува Хрватска на 32. место, па Македонија на 37. место, Бугарија на 39. место и Црна Гора на 40. место.
Извор:
noizz.rs
Фотографии: Pixabay