Индија е најопасната држава во светот, додека САД се наоѓаат на десеттото место. Новото истражување на фондацијата „Томсон Ројтерс“ ја стави Индија на врвот на листата поради високиот ризик од сексуално насилство и присилна работа.
- Се имам соочено со прогонување, допирање, непознати луѓе ми се јавуваа од непознати броеви. Ве прогонуваат, се обидуваат да ве допрат, ве соблекуваат. Навистина е лошо - велат жените во Индија.
Поминаа повеќе од пет години откако светот беше потресен од веста за групното силување и убиство на студентка во Делхи, а експертите велат дека во Индија не е направено доволно за безбедноста на жената да биде национален приоритет.
Фото: Getty Images
- Премногу се чести случаите кога маж во преполн автобус ќе застане зад вас, користејќи го тоа како оправдување да ве допре и да ви прави други работи. Додека растев, јавниот превоз за мене беше извор на терор. Никогаш не знаете како мажите ќе ве гледаат и како ќе ве допираат - велат Индијките.
Бројот на злосторства над жените во Индија порасна за 83 отсто помеѓу 2007 и 2016 година. На секој час се пријавуваат по четири случаи на силувања, а се претпоставува дека многу повеќе случаи остануваат непријавени.
- Ова се случува затоа што не постојат сет закони што властите треба да ги донесат. Ситуацијата е дефинитивно лоша и секако дека причината за тоа е патријархалното размислување. Сексизмот со кој се соочуваме е секојдневие, како и фактот дека жените се сметаат за помалку вредни.
Иако САД се наоѓаат на десеттото место на листата со најопасни држави за жените, се наоѓаат и на третото место, заедно со Сирија, кога станува збор за вознемирување, ризик од сексуално насилство и присилен секс.
- Постојано се среќавате со вербално вознемирување - вели една девојка од САД.
- Ме допираше иако му велев дека имам момче и се обидував да си заминам - вели друга.
Најопасни
држави за жени се:
1. Индија
2. Авганистан
3. Сирија
4. Сомалија
5. Саудиска Арабија
6. Пакистан
7. Конго
8. Јемен
9. Нигерија
10. САД