X
 06.04.2017 Култура

Мажите во Холандија се држат за рака во знак на солидарност

Мажите во Холандија ја започнаа иницијативата со која се искажува знак на солидарност на геј пар кој бил брутално нападнат во текот на викендот.

мажи

Геј парот Џаспер Вернес-Севратан и Рони Севратан-Вернес биле нападнати од страна на група од шест до осум мажи кои ги виделе како се држат за рака во источниот град Арнхем во текот на раните утрински часови во неделата наутро.

Рони изгубил четири заби откако бил претепа, а Џаспер претрпел повреди на градите, грбот и нозете. Овој брутален напад на хомофобија предизвика бес во Холандија, која стана првата земја во светот која легализира еднаков брак во 2001 година и го осуди од јавноста, вклучувајќи го и премиерот Марк Руте.

Во понеделникот двајца водечки политичари во понеделникот јавно се држеле за раце како што пристигнале на разговорите за формирање на новата холандска влада во Хаг, како знак за солидарност до парот.

Александар Печтолд, лидер на Либералната Партија, пристигнал за рака со неговиот партиски колега Вутер Колмес.

„Мислиме дека е нормално во Холандија да искажеме кои сме“.

За брзо време држењето за рака стана вистински тренд заедно со хаштагот #allemannenhandinhand, па така трендот започна да се шири насекаде низ Холандија, поттикнувајќи ги луѓето да споделат фотографии од себеси како се држат за раце во знак на поддршка на Џаспер и Рони. Се планира и одржување на протест во Арнхем овој викенд кој повикува на крај на анти-геј насилството и заплашувањето.

Фотографиите во изминативе 24 часа покажуваат како мажите гордо ја покажуваат љубовта еден кон друг на јавност и докажуваат дека хомофобијата никогаш нема да победи.

Alle mannen hand in hand, moet kunnen in ons mooie vrije land!!! #allemannenhandinhand

A post shared by William Rutten (@williamrutten) on

Hand in hand over straat moet kunnen! #laatelkaarmetrust

A post shared by David Isaac Schell (@isaac_schell) on

Boksen met de oude strijder 💪🏾🥊 #allemannenhandinhand #stopgeweldtegenhomos

A post shared by Koen Weijland (@koenweijland) on

Wij doen mee! Stop geweld tegen homo's. #allemannenhandinhand @barbarabarend

A post shared by Wilco Berenschot (@wt_berenschot) on

Docenten Hub van Doornecollege doen ook mee!! Stop geweld tegen homo's. #allemannenhandinhand 👍🏾

A post shared by Leerlingenraadhub (@leerlingenraadhub) on

#allemannenhandinhand #mannenhandinhand #gay #love #couple #dingen #homophobia

A post shared by R. de Vries (@raidevries) on

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура