X
 03.05.2022 Забава

Светски рекордер во јадење хамбургери, јаде по два дневно уште од 1972 година

Доналд Горски е Американец кој за себе вели дека е најголем обожавател на хамбургерот „Биг мек“ на синџирот ресторани за брза храна „Мекдоналдс“. Затоа го нарекуваат крал на „Биг мекот“.

Горски првпат влегол во Гинисовата книга на рекорди во 1999 година како човек со најмногу изедени хамбургери „Биг мек“ во животот. Минатата година тој го срушил својот рекорд откако бројот на изедени хамбургери го зголемил на 32.340.

Овој жител на Висконсин во просек јаде по два хамбургера „Биг мек“ од 1972 година. Горски редовно пешачи по 8 километри за да ги потроши калориите од хамбургерите и има добро ниво на холестерол и шеќер во крвта.


Неговата опсесија со брзата храна започнала во 1972, кога го купил првиот автомобил и со него отишол во „Мекдоналдс“. Таму ги купил првите три хамбургери и потоа ги изел во автомобилот. Во тој момент Горски сфатил дека сака да јаде хамбургери до крајот на животот.

Тој ги чува амбалажите на сите хамбургери што ги изел, како и сметките за секој оброк.

Извор: Idesh
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава