X
 14.02.2022 Спорт

Светски рекорди што биле соборени на Зимските олимписки игри во Пекинг

Зимските олимписки игри се во тек, а дел од резултатите постигнати во Пекинг ќе бидат запишани во Гинисовата книга на рекорди.

Американскиот лизгач Нејтан Чен постигнал светски рекорд на Зимските олимписки игри. Тој освоил рекордни 113,97 поени и златен медал.



Лизгачите Суи Венџинг и Хан Цонг од Кина освоиле рекордни 82,93 поени и поставиле светски рекорд во лизгање во парови.



Ирин Вуст од Холандија, која се натпреварува во брзо лизгање, станала првиот атлетичар во историјата што освои индивидуален златен медал на пет различни олимписки игри. Таа има вкупно 12 медали, вклучувајќи и шест златни, од првото појавување на Олимписки игри во 2006 година. Со своите 35 години, таа е и најстарата добитничка на златен медал во брзо лизгање.



Клаудија Пештајн од Германија, која има 49 години и 348 дена, поставила светски рекорд бидејќи е најстарата жена што некогаш се натпреварувала на Зимските олимписки игри. Таа е и единствената жена што учествувала во осум олимписки игри. Досега има освоено девет медали, меѓу кои пет се златни.



Џона Клери од Франција станал најстариот олимписки медалист во алпско скијање. Тој освоил сребрен медал на возраст од 41 година и 30 дена.



Каишу Хирано од Јапонија поставила светски рекорд во сноубординг со заден воздушен трик на висина од над 7 метри.



Извор: Insider
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт