X
 04.09.2019 Живот

Исланд вработува главен советник за хамбургери чија задача ќе биде да го тестира нивниот вкус

Ако некогаш сте посакале да постои работно место на кое само ќе јадете, тогаш ова е вистинска шанса за вас. Имено, синџир супермаркети во Исланд објави необичен оглас за работа: бараат експерт за хамбургери.

Критериумите за избор не се она што обично може да се најде на „Линкдин“. За позицијата главен советник за хамбургери правилата се едноставни. Учесниците едноставно мора да имаат уста, апетит, да можат да одговорат на пет прашања поврзани со хамбургерот, да сликаат селфи-фотографии, по можност со бургери. Прашањата се од „Зошто баш вие треба да бидете избрани за официјален тестер на хамбургери за Исланд?“ до прашања што бараат повеќе размислување: „Кој е најдобриот бургер што некогаш сте го пробале во животот и зошто?“

Избраниот кандидат ќе има задача да ги проба сите хамбургери во Исланд и да обезбеди повратна информација.

Оние што сакаат да се пријават за работата треба да испратат детали и фотографии на: SocialTeam@Iceland.co.uk. Пријавувањето завршува на 18 септември 2019 година, а победникот ќе биде објавен на 20 септември 2019 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот