X
 13.06.2017 Технологија

100 долари за оној кој ќе издржи без паметен телефон

телефон
Фото: Morgue File

Директорката на едно училиште во Вашингтон одлучила да помогне во намалувањето на зависноста од мобилните телефони на доста интересен начин - им понудила 100 долари на своите ученици од седмо и осмо одделение во нејзиното училиште (станува збор за околу 160 ученици) кои во текот на летото секој вторник ќе бидат целосно офлајн без да гледаат во екранот.

Идејата до почетокот на новата учебна година секој вторник да ги исклучуваат телефоните, таблетите, компјутерите и телевизорите, што значи еден ден во неделата ќе имаат сосема различни активности - одење во природа, читање, играње...

Директорката Дијана Смит изјави дека не ѝ се допаѓа колку телефоните станаа секојдневие во животот на децата и младите, така што нив им е потребна помош за барем еден ден да излезат од виртуелните светови. Бидејќи станува збор за 160 деца, потенцијалниот трошок за директорката се 16.000 долари, но таа вели дека денес голем број на млади луѓе без телефони не можат да издржат еден час, а не пак цел ден така што не се грижи дека трошоците ќе бидат големи.

За учениците да добијат пари, потребен е доказ дека навистина ќе апстинираат од уредите и телевизијата секој вторник, а овој доказ треба да биде потпишан со изјава од личност постара од 21 година.

Еден ученик уверен е дека може да издржи еден ден неделно без уреди, телефон и видеоигри. 13 годишниот Мајлс Тилер вели дека и онака не е опседнат со телефоните, но признава дека многу време поминува играјќи видео игри.

Неговата мајка смета дека ова ќе биде одличен предизвик за децата и ја интересира какви ефекти овој експеримент ќе има на однесувањето на учениците.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија