X
 08.07.2015 Технологија

Како да го промените изгледот на вашиот G-mail?

Доколку ви е здосаден истиот изглед на Outlook, тогаш постои опција со која вашиот G-mail може да изгледа подобро.

 

g-mail


Settings и layout

Кликнете на икончето од десно и веднаш изберете ја „густината“ на екранот (колку G-mail oстава простор меѓу интерфејс елементите) - ова обично е поставено автоматски врз основа на резолуцијата на екранот, меѓутоа можете и рачно да го промените.

 

1



Постои избор за тоа како да изгледа вашиот inbox, во кој можете да влезете преку менито од лева страна. Можете да се откажите од интерфејс јазичињата за прво да се прикажуваат важните, непрочитани пораки, или пак да се вратите на стариот изглед на сандачето.

Доколку се решите за стандардна опција, можете да изберете јазичиња кои Gmail ги прикажува на екранот: кликнете на малечката плус икона од десно за да одредите кои јазичиња треба да бидат прикажани. Ако отстраните јазиче, тогаш пораката ќе остане во примарната папка.

Доколку сакате да го промените бројот на пораки кои се прикажуваат на екранот одете во Settings од главното мени, исклучете го conversation view.

 

Gmail Themes

 

2

 
Доколку сте подготвени за малку поголема креативност, тогаш добро би било да ги пробате themes од главното мени. Помодерните теми се горе, а подолу се покласичните. Исто така имате опција My photos со која можете да изберете слика самите.


High contrast темата е вредна да се погледни доколку сакате повеќе промена меѓу секциите, и има огромен избор. Можете да изберете понова тема (или сопствена фотографија), можете да ја промените сенката на текстот и заматеноста на сликата користејќи ги копчињата најдолу.

Исто така, достапни се празните бои и можете да изберете More images за да видите стотици фотографии со висок квалитет избрани од Google кои ќе бидат погодну за употреба како позадина на вашите пораки. Доколку немате инспирација тогаш опцијата Random се наоѓа на крајот од листата.

Било кои промени кои ќе ги направите се поврзани со вашиот Google профил - вашите избрани теми ќе се појавуваат каде и да се логирате.

Дополнителни екстензии

 

3


Постојат дополнителни екстензии и додатоци кои можете да ги инсталирате откако ќе завршите со опциите за прилагодување. Така на пример, Gmelius е фокусиран на продуктивноста, но нуди и неколку интерфејс измени.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија