X
 10.09.2024 Живот

Германија воведува нови правила за автомобилските гуми - скапо ќе ве чини ако не ги почитувате

Од 1 октомври во Германија стапуваат во сила нови правила за автомобилските гуми што може да се користат.

Сега кога зимите се помалку екстремни, сè повеќе возачи се потпираат на четирисезонските гуми. Ако и вие сте меѓу нив, а имате намера со автомобил да одите во Германија, можеби ќе треба да ги промените.

Имено, од октомври во Германија во зимски услови веќе нема да може да се вози со четирисезонски гуми кои имаат само ознака М+S. Оваа ознака долго време означуваше гуми соодветни за зимски услови, а значи „mud+snow“, односно кал+снег. Иако тоа јасно дава до знаење дека овие гуми се погодни и за зимски услови, веќе нема да бидат дозволени. Имено, овој симбол никогаш не беше законски заштитен и затоа никогаш не се спроведени посебни испитувања за утврдување на соодветноста на овој вид гуми за зима и карактеристиките што мора да ги имаат.

Од 2018 година за означување зимски и четирисезонски гуми официјално се користи симболот со планина и снегулка. Иако гумите со ознаката M+S веќе некое време не се продаваат, веројатно и понатаму се користат. Ако гумата ги има и двете ознаки, тогаш може да се користи.

Фото: ADAC

Сите што имаат гуми само со ознаката M+S мора да ги заменат со нови, во спротивно ризикуваат да бидат казнети со 60 евра и еден казнен поен. Казната се зголемува на 80 евра ако се попречуваат други учесници во сообраќајот, на 100 евра ако постои опасност, додека во случај на несреќа, возачот ќе биде казнет до 120 евра. Исто така, може да имате и проблеми со осигурувањето ако дојде до судир.

Во соседна Австрија, пак, гумите со ознаката M+S сè уште се сметаат за соодветни за користење во зима.

Извор: Jutarnji
Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Спиркоска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот