Вакцините против ковид-19 даваат многу поголема заштита отколку прележувањето на болеста ковид-19, велат експертите за заразни болести. Вакцините поттикнуваат значително посилна имунолошка реакција отколку прележувањето на болеста и создаваат подобра заштита, пренесува „Мешбол“.
Филип Фелгнер, директор на Центарот за истражување и развој на вакцини при Универзитетот на Калифорнија, спровел истражување на оваа тема заедно со други истражувачи. Тимот анлизирал илјадници примероци од крв од луѓе што прележале ковид-19 и лица што примиле вакцина против ковид-19 („Фајзер“ или „Модерна“).
Фото: Pixabay
Анализата покажала дека реакцијата на имунолошкиот систем е многу посилна кога се прима вакцина. Луѓето имале десетпати повеќе антитела по примање на втората доза отколку луѓето што прележале ковид-19.
Според Центарот за спречување и превенција на болести на САД, шансите за повторно заболување по прележан ковид-19 се зголемуваат по неколку месеци, а ризикот за развивање тешки симптоми останува.
Фото: Pixabay
Според повеќе експерти, постојат повеќе научни објаснувања зошто вакцините нудат подобра заштита од природното прележување, а едно зависи од степенот на изложеност на коронавирусот. Различни луѓе може да бидат изложени на коронавирусот во различен степен, а тоа може да создаде различна имунолошка реакција. Затоа некои луѓе што прележале ковид-19 имаат помалку антитела од другите и некои се во поголем ризик од повторно заразување.
Извор:
mashable.com