„Нетфликс“ одамна се смета за еден од водечките стриминг-сервиси каде што љубителите на сериите можат да најдат серии и филмови од сите жанрови.
Ова се десетте најуспешни серии на оваа стриминг платформа.
„Венсдеј“, 1. сезона
Комичната хорор-серија за паметната и саркастична Венсдеј Адамс собра 252 милиони и 100 илјади часа гледаност.
Втората сезона е во подготовка.
„Почудни нешта“, 4. сезона
Серијата за натприродни сили, тајни експерименти и една чудна девојка во мало гратче во 80-тите години има 140 милиони и 700 илјади часа гледаност.
„Монструм: Приказната за Џефри Дамер“
Приказната за еден од најозлогласените сериски убијци во САД има 115 милиони и 600 илјади часа гледаност.
Серијата е раскажана од гледна точка на неговите жртви.
„Бриџертон“, 1. сезона
Првата сезона на серијата „Бриџертон“ се фокусира на сложената љубовна врска на најстарата ќерка од семејството Бриџертон.
Серијата има 113 милиони и 300 илјади часа гледаност.
„Дамски гамбит“
Сместена за време на Студената војна, серијата ја раскажува приказната за Бет Хармон, која се обидува да стане велемајстор во шах.
Серијата има 112 милиони и 800 илјади часа гледаност.
„Ноќниот агент“, 1. сезона
Базирана на романот на Метју Кирк, серијата „Ноќниот агент“ е софистициран акционен трилер фокусиран на агент на ФБИ кој работи во подрумот на Белата куќа, управувајќи со телефон што никогаш не ѕвони.
Серијата има 98 милиони и 200 илјади часа гледаност.
„Излажи ме еднаш“
Откако нејзиниот сопруг е брутално убиен, Маја на надзорна камера забележува некој што треба да биде мртов.
Оваа серија има 98 милиони и 200 илјади часа гледаност.
„Почудни нешта“, 3. сезона
Третата сезона на успешната серија доби позитивни критики за визуелните елементи и хуморот, но некои ја критикуваа нејзината прекумерна референција на поп-културата.
Серијата има 94 милиони и 800 илјади часа гледаност.
„Бриџертон“, 2. сезона
Втората сезона на „Бриџертон“ ја продолжува приказната за осумте блиски браќа и сестри од моќното семејство Бриџертон кои се обидуваат да најдат љубов.
Оваа сезона има 93 милиони и 800 илјади часа гледаност.
„Вештерот“, 1. сезона
Волшебникот Гералт, кој е мутиран ловец на чудовишта, се обидува да го најде своето место во свет каде што луѓето често се полоши од ѕверовите.
Серијата има 83 милиони часа гледаност.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Screenshot/YouTube