Ејч-би-о најави возбудливи планови кои ќе ги израдуваат обожавателите на „Игра на троновите“. Се работи на нова серија со приказна сместена пред настаните во популарната серија.
Насловена „Витез на седумте кралства“ (A knight of the seven kigndoms), серијата ќе се фокусира на млад таргаријански витез кој живеел во Вестерос околу 100 години пред настаните во „Игра на троновите“. Сценариото ќе биде напишано од Џорџ Р. Р. Мартин, авторот на книгата која е инспирација за популарната серија, заедно со Ира Паркер. Паркер работела на сценариото за првата сезона на „Куќата на змејот“.
- Еден век пред настаните од „Игра на троновите“, двајца необични херои талкаа во Вестерос... млад наивен, но храбар витез, сер Данкан Високиот, и неговиот минијатурен помошник, Ег. Сместено во време кога семејството Таргариен сè уште е на Железниот трон, а сеќавањето на последниот змеј сè уште е свежо, големи судбини, моќни непријатели и опасни подвизи ги чекаат овие пријатели - напишале од компанијата.
„Витез на седумте кралства“ е насловот на збирка раскази од Мартин за сер Данкан Високиот и Ег.
Извор:
Insider
Насловна фотографија: Youtube (Printscreen)