X
 03.07.2018 Наука

Научниците можеби открија нов вид депресија

Се нарекува моноаминска хипотеза и додека ги подобри животите на милиони луѓе што биле во депресија, за безброј други воопшто не беше од помош.

Тоа е така затоа што е предвесник на речиси сите антидепресанти, врз основа на забелешка дека дефицит од моноамини невротрансмитери (вклучително и серотонин) предизвикува депресија, поттикнувајќи развој на терапија како селективни инхибитори на повторено примање на серотонин (ССРИ).

Но, има еден проблем: лекот не функционира. Барем не кај сите.

- Кај 30 отсто од луѓето што ги примаат овие лекови нема ефект. Ни треба друго објаснување за тоа што би можело да предизвикува депресија - велат невронаучниците Јумико Саито и Јуки Кобајаши од Универзитетот во Хирошима.

Во нова студија со глувци, Саито и Кобајаши можеби го пронашле токму тоа.

Во претходно истражување Саито открил дека протеинот наречен РГС8 помага во контролата на хормонскиот рецептор МЦХР1, кој е поврзан со спиењето, апетитот и емотивните одговори. Истражувањето покажало дека РГС8 го деактивира МЦХР1, но никој не знаел колку ова може да влијае врз депресијата кај животните.

За да се обиде да се доближи до одговор, во новата студија тимот експериментирал со две групи глувци: едната група се состоела од нормални животни, а другата од глувци генски конструирани да покажуваат повисоко ниво на РГС8.

Глувците биле принудени на тест со пливање, во кој биле ставани во топла вода од која не можат да излезат и постојано биле набљудувани додека пливале наоколу одредено време пред да станат неподвижни или да се откажат, што се смета за карактеристика слична на депресијата.

При тестирањата, кај глувците со зголемено ниво на РГС8 биле забележани пократки периоди на неподвижност - што сугерира дека тие пливале повеќе, а со тоа е помала и депресијата. Кога на овие глувци им бил даден лек против депресија кој дејствува на моноамините, нивната неподвижност уште повеќе се намалила.

Фото: Pixabay

Кога на нормалните глувци им бил даден лек кој ја запира работата на МЦХР1, тоа го намалило времето на нивната неподвижност во садот за пливање, но кога глувците со зголемено ниво на РГС8 го примиле истиот лек, изгледало дека немало ефект на нивните нивоа на негативно расположение.

Саито вели дека тие глувци покажале нов вид депресија.

- Во ова депресивно однесување не изгледаше дека се вмешани моноамините, но МЦХР1 беше - вели тој.

Кога истражувачите ги испитале мозоците на животните под микроскоп, тие утврдиле дека кај глувците со зголемено ниво на РГС8 невронските цилии биле подолги отколку кај нормалните глувци. Не се знае како оваа варијација е поврзана со депресијата, но истражувачите мислат дека ова е случајно.

Има уште многу работа пред да дознаеме дали овие резултати можат да се репризираат кај луѓето, но истражувачите се сомневаат дека овој протеин може да биде ветувачки кандидат за нова генерација антидепресанти, кои би можеле да им помогнат на милиони луѓе на кои лековите што се темелат на моноамини не им помагаат.
Подготвил: Билјана Арсовска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука