X
 14.11.2021 Здравје

Нов спреј за нос може да ја намали депресијата за 20 минути

Замислете да можете да си го подобрите расположението со спреј за нос. Наскоро, ваквиот спреј навистина ќе се продава низ светот. Истражувачи од Јапонија направиле спреј за нос кој има лек за депресија. Ефектите се забележуваат за само 20 минути.

Лековите за мозокот досега претставуваа предизвик за научниците поради пречки како што се системската апсорпција, брзото разградување на лекот, транспортот и инвазивните третмани што се користат во конвенционалните техники.

Третманите што се користат во моментов најчесто вклучуваат инјектирање лек директно во мозокот, а постојат лекови што се примаат преку носот, но тие најчесто не се многу ефективни бидејќи брзо се разградуваат и имаат намалено дејство кога ќе стигнат до мозокот. Истражувачите во Јапонија сега нудат нов начин за примање лекови за мозокот кој е ефикасен, но неинвазивен.


Фото: Tokyo University of Science

Во новото истражување научниците тестирале нов метод со кој се зајакнува дејството на лековите што се примаат преку носот. Во него научниците направиле промени во лекот за да го спречат неговото брзо разградување. Како резултат, дејството на лекот било исто кога се прима преку носот како кога е инјектиран директно во мозокот.

Новиот метод бил тестиран на глувци во истражувањето.

Научниците работеле со ГЛП-2, невропептид кој има терапевтски ефект врз лицата со депресија.

Извор: Interesting Engineering
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје