X
 03.07.2021 Живот

Марко Пејчиновски со нов подвиг: Плива од Охрид до Св. Наум

Тој имаше подготовки цела зима, постојано тренира. Утрово тргна во седум часот, па се надеваме дека ќе му биде лесно и дека ќе успее, вели тетка му Силвија Пејчиновска

По долго подготвување и напорни тренинзи, петнаесетгодишниот Марко Пејчиновски денеска ќе се обиде да исплива 25 километри. Почетната точка е од Охрид од каде што тргна утрово, а крајната цел е Св. Наум. Овој подвиг Марко го прави во чест на чудотворецот Св. Наум Охридски.

Неговата тетка Силвија Пејчиновска, вели дека за ова малиот херој се подготвувал напорно изминатиот период.

- Марко имаше подготовки цела зима, тој постојано тренира. Утрово тргна во седум часот, па се надеваме дека ќе му биде лесно и дека ќе успее - вели Пејчиновска.

Марко пред три години направи подвиг за паметење, откако за околу девет часа го преплива Охридското Езеро од Свети Наум до Охрид. Тогаш, тој беше најмладиот пливач кој ја препливал таа релација, со што влезе меѓу легендите на пливачкиот маратон. Успехот на ова момче е голем бидејќи и самиот се соочува со здравствени проблеми, односно има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети.

„Чудото од дете“ пред две години повторно си постави нова цел - да преплива 64 километри, соло-маратон кој го посвети на лицата со ретки болести. Но поради силни болки во ногата, она 12 километар беше принуден да прекине со пливањето.

Фото: Facebook
Подготвил: Антонија Поповска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот