Министерот за внатрешни работи на Мадагаскар пливал 12 часа откако неговиот хеликоптер се урнал при спасувачка мисија.
- Не ми е време да умрам - изјавил изморениот Серж Гел кога стигнал на брегот.
Двајца службеници што патувале со него во хеликоптерот, исто така, го преживеале падот. Тие тројца пребарувале регион во кој потонал патнички брод.
Претседателот на Мадагаскар, Ендри Раџоелина, изјавил дека му е жал за починатите во бродската несреќа и ги поздравил Гел и службениците.
Сè уште не е јасно зошто се случила несреќата со хеликоптерот, но Гел, кој има 57 години, изјавил дека пливал од 7:30 вечерта до 7:30 утрото. Тој не бил повреден.
Шефот на полицијата, Зафисамбатра Равоави, открил дека министерот користел седиште од хеликоптерот како помош при пливањето.
Гел бил полициски службеник три децении пред да биде назначен за министер во август.
Извор:
BBC
Фото: Twitter