X
 03.07.2022 Живот

Шахот е метафора за животот и треба да биде задолжителен во училиштата

Не постои ништо слично како чувството да се победи достоен противник во партија шах. Се разбира, тоа не е чувство што го доживувам често бидејќи не сум многу добар играч. Од друга страна, татко ми официјално е „експерт“, а мојот пријател е „мајстор“.

Со други зборови, и двајцата се многу, многу добри.

Во светот, шахот сè уште е популарна игра, но во Источна Европа се третира со особена сериозност. На пример, Бугарскиот национален олимписки комитет лобира шахот да биде признаен како олимписки спорт, како и Кирсан Иљумжинов, рускиот претседател на Светската шаховска федерација. Во септември 2011 година Ерменија го направи шахот задолжителен предмет за сите деца на возраст над шест години.

И навистина, Ерменците можеби имаат право. Една неодамнешна психолошка студија покажа дека шахот е поврзан со поголеми когнитивни способности, капацитет за справување и решавање проблеми, па дури и социоафективен развој на децата. Се разбира, бидејќи тоа беше кохортна (набљудувачка) студија, врската може да се должи на некој трет фактор.

Шахот е метафора за животот


На видеото наставникот по математика/шах вели: - Шахот го тренира логичкото размислување. Тој учи како да се донесуваат одлуки, ја тренира меморијата, ја зајакнува волјата и ги мотивира децата да победуваат, но и ги учи како да се справат со поразот. Тоа е единствениот училиштен предмет што може да го направи сето тоа.

Ова е доста интересен увид. Не само што шахот помага во тренирањето на мозокот туку и ги учи децата на основните животни вештини. Во нашата култура им делиме трофеи на победниците и губитниците - или воопшто занемаруваме да го задржиме резултатот - поради некоја погрешна, политички коректна претстава дека никогаш не треба да повредиме нечии чувства. Но, во Ерменија, училиштата ги учат децата на реалноста: дека во животот понекогаш се губи. Тоа е важна лекција и треба да се учи на млада возраст.

Она што го прави шахот толку фасцинантен е тоа што ниту една партија нема да се игра исто.



Извор: Bigthink.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот