X
 01.03.2019 Образование

Зошто овие ученици имаат повеќе одмор помеѓу часовите?

Откако еден училиштен управител од Јужна Каролина отишол во посета на Финска за да види како функционира нејзиниот образовен систем, тој одлучил дека едно нешто ќе почне да го применува откако ќе се врати во САД: повеќе одмор за учениците.

По неговата посета во Финска, Дени Мерк напишал есеј на веб-страницата на училиштето за тоа како финските училишта им даваат одмор на учениците на секој саат.

- Секој наставен час во Финска трае 45 минути плус 15-минутна игра. Наставниците и училиштата сфаќаат дека е невозможно децата да бидат ангажирани во текот на наставата повеќе од 45 минути и дека физичката игра е клучна за менталниот развој на секое дете - пишува Мерк.

odmor
Фото: Printscreen


- Кога првпат влегов во училишната спортска сала во Финска, се изненадив: три огромни игралишта за кошарка, едно до друго. Енергичните спортови како хокеј, фудбал и кошарка се нормални за сите ученици. Овие активности им овозможуваат на учениците да ја согорат енергијата и да се фокусираат кога ќе се вратат на час - додаде тој.

Тој веќе го реализирал планот во некои училишта во неговата област. Неколку училишта веќе имаат нови распореди со одмор на секој час.

-Одговорот на програмата беше толку позитивен, што дефинитивно очекуваме повеќе училишта да ја усвојат и прифатат. Но, не е лесно да се направи толку голема промена во распоредот среде училишна година, па затоа мислам дека наесен и други училишта ќе се обидат да ја усвојат програмата.

Во текот на патувањето во Финска, Мерк научил многу важни лекции поврзани со финскиот образовен систем и зошто е тој толку успешен.

- Нивното мото е: „Гради повеќе! Нахрани ги сите. Тестирај помалку. Играј со топка!“ Најочигледен контраст помеѓу финскиот и американскиот образовен систем беше тестирањето. Угледот на Финска како земја со извонредно образовен систем произлегува од доследните перформанси на учениците на ПИСА-тестирањето. Во САД федералното законодавство бара повеќекратни тестови секоја година од трето до осмо одделение. Во Финска, бројот на тестови во секое одделение е нула - вели тој.

Финските ученици имаат само еден тест кој го прават на крајот од средно, кога сакаат да аплицираат на факултет, додава Мерк.

Исто така, Финците гледаат сите деца да бидат добро нахранети.

- Друга голема разлика е колку учениците изработуваат работи со своите раце. Тие постојано изработуваа нешто, градеа и создаваа. Финска не се плаши да им даде едноставни алатки на учениците. Учениците не само што ги користат рацете за креативни работи како уметнички проекти, туку и со нив учат основни животни вештини. Овој вид практично учење ги држи учениците ангажирани во она што го прават во училницата - вели тој.

- Мора да се направат промени во нашите училишта. Мора децата да имаат помалку тестирања - пишува тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование