X
 03.07.2025 Живот

Највисокиот мост во светот: Вртоглави 625 метри над речното корито

Во кинеската покраина Гуиџоу е довршен највисокиот мост во светот. Мостот „Големиот Кањон Хуаџијанг“ се протега над реката Бејпан на надморска височина од 1.100 метри, 625 метри над коритото, долг е 2.890 метри, а неговата конструкција тежи повеќе од 22.000 тони. Овој импресивен мост го скрати патувањето од 70 на само две минути. Мостот ќе биде отворен за сообраќај за неколку недели.

Мостот се градел три години, а покрај функционалноста, многу внимание се посветило и на неговиот изглед, па наскоро ќе стане нова туристичка атракција во оваа кинеска покраина.

Мостот ќе има стаклен лифт, кафетерија со поглед на драматичниот пејзаж низ кањонот, под мостот ќе има уредена платформа за туристи со стаклен под, а од мостот ќе биде можен највисокиот банџи-скок во светот. 

До мостот во кањонот ќе биде изграден голем центар за посетители, кој не само што ќе ги прикажува фазите на изградба на мостот, туку и историјата на премостувањето на реката Бејпан, кое започнало пред 125 години.

Интересно е и тоа што ова најново инженерско чудо е трет последователен рекорден мост не само во светот, туку и над таа река. Првиот рекорд е соборен во 2003 година, кога мостот „Бејпанџијанг Гуанксинг“ станал првиот висечки мост во светот со висина од над 300 метри. Потоа, во 2016 година, долгиот мост „Бејпанџијанг“ ја надмина висината од 500 метри, а сега е соборена и границата на висина од 600 метри.

Извор: punkufer.dnevnik.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот