X
 19.11.2020 Живот

9-метарски брод во форма на патент плови по реката Сумида во Токио

Од 31 октомври до 8 ноември жителите на Токио беа сведоци на невообичаена глетка - брод во форма на патент пловеше по реката Сумида.

Импресивниот брод беше дел од инсталацијата во „Дизајнарт Токио 2020“ и беше насловен како „Отворање на реката“, бидејќи бродот остави впечаток како да ја дели површината на водата на два дела, како патент на јакна.

1

Бродот е дизајн на јапонскиот уметник Јасуширо Сузуки, кој е познат по тоа што влече инспирација од секојдневните предмети. Уметникот ја добил идејата за необичниот дизајн на бродот додека летал со авион. Додека ги набљудувал бродовите како ја „делат“ водата, кај него се родила идејата за брод со дизајн во вид на патент.

3

brod

Бродот е направен од хромирано тело, мост и влечна машина - исто како и обичниот патент. Доволно интересно, реката Сумида каде што пловеше овој брод била граница помеѓу античките провинции Мусаши и Шимоуса. Така, овој голем патент совршено ја пренесува историјата и потсетува на историската поделба.


Извор: Bored Panda
Фотографии: mabataki_suzuki
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот