Планета, оддалечена околу 31 светлосна година од нас, снимена од сателитот на НАСА, „Тес“, според научници кои ги проучувале снимките, може да има идеални услови за живот.
НАСА ја именувала „ГЈ 357д“, но истражувачите ја нарекоа „Супер Земја“ под претпоставка дека на неа има слични услови како на Земјата, само што таа е многу поголема од нашата планета.
-Смeтаме дека ова е прва блиска „Супер Земја“ на која луѓето би можеле да живеат. Поради густата атмосфера на планетата, може да се задржи вода на тамошната површина, како на Земјата, и се надеваме дека во следните снимања ќе можеме да регистрираме и знаци на живот - рече д-р Лиза Калтенгер, која го водеше ова истражување.
Извор: МИА