Нашето Сонце можеби не е толку егзотично како подалечните ѕвезди, но сепак е вредно за научно внимание. И покрај 60-годишни истражувања научниците не ги разбираат некои негови феномени што го дефинираат.
Сѐ уште не е откриено зошто површината е со температура од 5500 целзиусови степени, додека на ореолот наречен
корона – неколку милиони километри од површината на ѕвездата - таа е 1-2 милиони целзиусови степени.
За да се добие одговор за ова, НАСА ќе се доближува до Сонцето малку поблизу. Во 2018 ќе се лансира Solar Probe Plus кој ќе патува речиси 7 години и ќе постави нов рекорд за најбрз објект кој се движи, кога ќе се доближи на 37,6 милиони километри до Cонцето. Инженерот за вселенски летала Мери Ки Локвуд вели дека леталото ќе се потпри на 4 главни инструменти.
Но постои еден проблем: мора да бидат многу внимателни со дизајност. Сондата треба да биде проводник за инструментите што всушност го мерат соларниот ветар да не се испречат.
Според Локвуд сондата треба да изгуби енергија со што ќе се извршат неколку прелетувања преку Венера за да ја намали својата орбита и да дојде поблиску до Сонцето. Таа ќе треба да преживее најизменично високи и ниски температури и за тоа е потребен топлотен штит што е поразличен од сите до сега.
„Кога се оди на едно место се менува сѐ што сме мислеле за него. Навистина сме возбудени што ќе одиме и тотално ќе ни се променат погледите кон Сонцето,“ вели Конгдон, еден од инженерите во тимот. Разбирањето на феноменот што го дефинира Сонцето е привлечна цел за научниците, а и е голем доказ дека сѐ уште обемот на знаење од таа област е многу скромно.