X
 03.08.2022 Живот

Научници тврдат дека имаат формула за совршен почеток на денот

Научници смислиле специфична формула за совршен почеток на денот. Математичарката и докторка Ен-Мари Имафидон анализирала податоци од анкета со 2.000 испитаници во Велика Британија за да ја добие формулата.

Според резултатите, совршената утринска рутина предвидува будење во 6:44 наутро, станување од кревет во 7:12, 21-минутен тренинг, 10-минутно туширање и 18-минутен појадок.

Истражувањето, кое било финансирано од прехранбената компанија „Спешл К кранчи оут гранола“, резултирало и во математичка формула за која докторката тврди дека ќе им помогне на луѓето наутро да станат добро расположени.

Прво, се препорачува двојно зголемување на времето кое се поминува за појадување. Потоа, додајте ги минутите што ги поминувате вежбајќи и туширајќи се, а потоа одземете го вкупниот број на часови спиење од препорачаните 8 часа. Потоа се пресметува разликата во часови од моментот кога станувате од кревет и 7:12 наутро.


Фото: Freepik

Поделете го времето поминато јадејќи, туширајќи се и вежбајќи со времето на спиење и станување. На крајот додајте го бројот на минути поминати во други утрински активности и тој број поделете го со два за да го добиете бројот изразен во минути кои претставуваат идеална должина на време што треба да го трошите на утринската рутина.

Ако со формулата добиете вредност поголема од 37, вашата утринска рутина е оптимизирана за среќа. Доколку не е, поголема е веројатноста дека денот ќе ви почне „на лева нога“, според докторката.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот