Според Светската здравствена организација (СЗО) над 2 милијарди луѓе во светот се алкохоличари.
Оваа карта го прикажува процентот на населението над 15 години кое консумирало алкохол во претходните 12 месеци по региони. Податоците се од 2019 година и биле објавени во Извештајот за глобалниот статус за 2024 година за алкохол и здравје и третман на нарушувањата од употребата на супстанции.
Според дефинициите на СЗО, мапата е поделена на шест региони.
Европските земји имаат најголем процент на лица што консумираат алкохол.
Нивото на пиење е највисоко во европските земји. Седум од 10. земји со најголема потрошувачка на алкохол во 2019 година се членки на Европската Унија.
фото извор: visualcapitalist.com
Земјите во Северна Африка и Блискиот Исток имаат најниски стапки на консумирање алкохол поради културните и религиозните фактори. На мапата, овие земји најмногу може да се видат во класификацијата на СЗО за Источен Медитеран, каде што само 4% од населението консумира алкохол на полуредовна основа.
Здравствени последици од консумирањето алкохол
Според СЗО, 2,6 милиони луѓе (од кои 2 милиони мажи) умираат од причини поврзани со алкохол секоја година. Највисоко ниво на смртни случаи предизвикани од алкохол на 100.000 луѓе се забележани во земјите во Африка и Европа.
На глобално ниво, околу 400 милиони луѓе, или 7% од светската популација на возраст од 15 години и постари имаат нарушувања поради употребата на алкохол, а околу 209 милиони (3,7% од возрасната светска популација) се зависници од алкохол.
Извор: visualcapitalist.com
Фото: Freepik