Кога имаат настинка, повеќето луѓе постојано го дуваат носот. Меѓутоа, науката вели дека нема потреба од тоа.
Всушност, дувањето на носот никогаш не е добра идеја.
- Дувањето на носот со преголема сила може да предизвика оштетување на крвните садови и несоодветен стрес - вели имунологот Пурви Парик. Исто така, може да привлече бактерии во вашите синуси, со што се ставате во поголем ризик од инфекција.
Фото: Corbis
Слузта дури не е ни вистинската причина зошто чувствувате дека носот ви е полн. Ова чувство е само сигнал дека крвните садови во носот се потечени. Произведувате повеќе слуз кога сте болни, меѓутоа, не во голема количина. Дури и ако дувате, вашето тело ја обновува слузта. Отпорот е залуден.
Основната болест - типичната настинка, синузитисот или треската - е вистинскиот проблем. Слузта е последица од настинката и обидот да ја издувате може да предизвика повеќе проблеми отколку што ќе реши.
Што треба да направите?
Дувањето на носот не е забрането. Долгорочно, не решава многу, но може да ви даде кратка пауза од вашите симптоми. Само направете го тоа правилно. Треба да ги дувате ноздрите една по една и да не дувате многу силно, препорачуваат експертите.