X
 14.10.2017 Наука

НАСА: „Нашиот сончев систем има деветта планета“

1
Фото: IPAC

Претходно овој месец, НАСА издаде соопштение до медиумите во кое објави дека голема е веројатноста нашиот сончев систем да има деветта планета - дури и ако е тешко таа да се пронајде.

Планетата би можела да има маса десет пати поголема од онаа на Земјата и да се наоѓа дваесет пати подалеку од Сонцето, слично како Нептун. Иако е тешко да се добијат јасни докази за постоењето на „Планета Девет“ (како што ја нарекува НАСА), некои од научниците се апсолутно убедени дека таа постои.

„Постојат пет различни линии на набљудувачки докази што укажуваат на постоење на Планетата Девет. Ако го тргнете ова објаснување и замислите дека Планетата Девет не постои, тогаш создавате повеќе проблеми отколку што решавате. Одеднаш, имате пет различни загатки, а мора да дадете пет различни теории за да ги објасните“, вели Константин Батиџин, планетарен астрофизичар на Калифорнискиот институт за технологија, кој е дел од тимот што е во потрага по планетата.

Во труд објавен во 2016 година, Батгин и ко-авторот Мајк Браун детално објавиле шест познати објекти во појасот Јупери што се однесувале доста чудно. Сите од нив имале елиптични орбити во иста насока и сите орбити биле навалени на ист начин. Двете од овие карактеристики служат како индиции за присуство на „Планета Девет“.

Компјутерските симулации кои ја зеле во предвид хипотетичката планета укажувале на тоа дека треба да има уште неколку други тела со поекстремно навалување. Браун сфатил дека астрономите веќе знаат за пет такви објекти, што значи дека природата се поклопувала со симулациите.

„Планета Девет“ исто така објаснува зошто рамништето во кое орбитата на другите планети, е навалена околу шест степени од екваторот на Сонцето: со текот на времето, далечната гративација на „Планета Девет“ предизвикала целото рамниште на сончевиот систем да се движи подалеку од центарот.

Сепак, „Планетата Девет“ не е единственото објаснување за однесувањето на орбитите. Неодамнешно истражување од надворешниот состем систем откри над 800 транс-нептунски објекти. Ова би можело да има ист ефект врз навалувањето на карактеристиките забележани кај различни орбити.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука