Мал остров со светилник во близина на Сан Франциско бара двајца работници за одржување на светилникот. Годишната плата за оваа работа ќе биде 130.000 долари.
Станува збор за светилникот „Ист Брадер“, кој го осветлува северниот дел на заливот на Сан Франциско од 1873 година, а овозможува прекрасен поглед кон градот. Колку и да мислите дека станува збор за едноставна работа, не е баш така бидејќи во овој случај работниците мора да имаат познавања од многу работи.
Бидејќи станува збор за туристичко-угостителски објект, треба да знаат да готват, да чистат, да организираат достава на намирници, но и да користат брод што бара капетанска дозвола.
ТУКА можете да прочитате повеќе детали.